ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во март ќе започне платниот промет во Пошта

Граѓаните до крај на март повторно ќе може да подигнуваат пензија или да плаќаат сметки во филијалите на Пошта. Халк банка стана партнер на Македонска пошта во извршување на платниот промет. Договорот е потпишан во траење од 15 години, и со него се предвидува 71 процент од прометот да оди во Пошта а 29 проценти да биде за Халк Банка.

Особено сме среќни што ќе ја имаме приликата во иднина да имаме соработка со Македонска пошта една еминентна и историска институција на оваа земја да реализираме соработка во насока на платниот промет – изјави Билал Суџубаши- Изврш ен директор на Халк Банка.

Директорот на пошта Јани Макрадули не одговори конкретно што ќе се случи со потпишаниот 15-годишен договор доколку Пошта се приватизира како што се најавува Владата. За него најважно е стабилизиација финасиската состојба на Пошта.

„Задача на тековниот управен одбор е да финасиски го стабилизираме тековното работење, да ги подигнеме капацитетите и услугите кон граѓаните за да ја подигнеме и вредноста на акционерското друтво како компанија. Денешниот договор е само прилог кон подобрувањето на капцитетите на компанијата и наша задача тие приоритети да ги извршуваме – нагласи Јани Макрадули- Директор на Македонска пошта.

Платниот промет на Пошта е блокиран од август претходната година откако се раскина договорот во Еуростадард банка која отиде во стечај. Отогаш пошта не може да врши никакви услуги кон граѓание поради изнаоѓање на нов партнер. Како последица од блокираниот промет, Владата одвои финансиски средсва за исплата на плати на вработените во оваа институција.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button