ЕКОНОМИЈА

Ќе се менува законот за граѓаните кои не добија помош од 6000 денари

Шесте илјади денари државна помош граѓаните кои не успеаа да ги подигнат поради поминатиот рок, ќе ги земат откако Собранието ќе донесе ново законско решение. Според очекувањата на Владата ова би требало да се случи во текот на следниот месец. Иако се бараше толеранција банките не отстапија од законски утврдениот рок. Според Владата се работи за околу десет илјади граѓани кои не успеале да ги подигнат овие пари, поради неможноста да отворат нова трансакциска, или наменска сметка доколку постоечката им била блокирана.

Банките се повикуваа на законскиот рок, 25 декември, и затоа со вчерашната одлука на Владата го надминуваме и тој проблем со измена на законот, со што се продолжува рокот за ажурирање на податоците за да може граѓаните да ги добијат парите. Процесот очекуваме да заврши во јануари, откако претходно, се разбира, ќе помине во Собрание -изјави Душко Арсовски- Портпарол на влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button