ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Вработените во установите за култура од утре на протест

Вработените во културните установи изразија револт што не примиле плата за месец март, усогласен според колективните договори, па од утре најавија протест пред Министерството за култура. Синдикатот на културата соопшти дека за неколку дена 3.000 работници од културата и нивните семејства ќе останат без здравствено осигурување.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека согласно усогласувањето на платите со минималната плата во земјава, платата од март треба да се зголеми за 12 проценти. Пресметките се подготвени од страна на институциите на културата, но нема одобрение од Министерството за финансии, и покрај ветувањата на Министерството за култура.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button