ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Ќе ја чекаме потврдата од ЕМА за „Астра Зенека“

Министерот денеска рече дека за вакцините на „Астра Зенека“ ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА), а во меѓувреме, продолжува имунизацијата на повозрасните категории граѓани со оваа вакцина.

– Ние бевме многу внимателни и се уште сме. По укажувањето на германската агенција и канадската дека има такви случаи со што го паузираа давањето на ова вакцина на „Астра Зенека“ на помлади возрасни групи, чекаме официјален став од ЕМА која следната недела треба да има и официјален состанок и ќе го почекаме тој став заради тоа што сигурноста на пациентите односно на граѓаните ни е на прво место. Многу е веројатно дека ќе се докаже тоа дека асполутно ризикот да се заболи од тешка форма на КОВИД е многу поголем отколку компликациите што се јавуваат од вакцината што значи дека вакцината ќе се препорача и за помладата категорија граѓани, но додека не го добиеме тој официјален став на ЕМА, нема да брзаме, истакна Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button