ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира

Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче кој на прес-конференција во Клиничкиот центар ги соопшти бројките за најновата состојба со КОВИД во државава.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово, Филипче рече дека модуларната болница била пуштена откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата.

Министерот повтори дека модуларните болници се концептот што го користи цел свет зашто овозможиле да се хоспитализираат сите КОВИД-пациенти. И сега има огромен број пациенти кои се лечат во ваквите објекти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button