ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Не се размислува за полициски час, доволно е да се почитуваат мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче е оптимист дека измените на законот за заштита од заразни болести ќе биде донесен на утрешната седница на собранието. На денешната прес конференцијата Филипче додаде дека засега не се размислува за воведување на полициски час и оти такви мерки на ограничување не се дискутирале ниту на состанокот на Берлинскиот процес.

„Ова се мерки кои што практично имитираат полициски час. После 23 часот ништо не работи, практично граѓаните нема каде да одат…и времето сега не е убаво па сите треба да седат дома. Затоа, апелираме да се излегува само ако има некаква потреба. Целта е да се избегне групирањето. Сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно  е да се почитуваат мерките…“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button