ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Филипче: Од 330.000 ревакцинирани граѓани од ковид-19 заболеле само 0,02%

Во земјава се регистрирани 92 заболени од ковид-19 меѓу 330 000-тте ревакцинирани граѓани, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што кажа тој, станува збор за мал процент, што укажува на ефикасноста на вакцините.

„Значи дека процентот на заболени лица коишто се ревакцинирани е навистина многу мал, некаде околу 0,02%, што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината и апелирам повторно, сите граѓани да се свесни дека тоа е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата“, рече Филипче додавајќи дека во следниот период ќе се продолжи со вакциналните кампањи и заложбите вработените во училиштата и градинките да бидат целосно имунизирани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button