ВЕСТИЗДРАВСТВО

До крај на август се очекува околу половина милион ревакцинирани граѓани, вели Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува дека до крајот на август во земјава ќе има ревакцинирани околу 500 илјади граѓани. Како што кажа денеска, во одговор на новинарско прашање, во моментов има над 330 илјади коишто примиле две дози од вакцината.

„Очекуваме до крајот на август сите 500 илјади коишто се вакцинирани со една доза да бидат и ревакцинирани. Теренската вакцинација се одвива добро, од почетокот до сега се вакцинирани околу 20 илјади лица“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button