ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Се соочуваме со пикот, нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради КОВИД-панедмијата. Како што рече, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки.

Сепак, предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка.

Филипче апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.

-Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитувааат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, истакна Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button