ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Славењето може да почека, здравјето – не!

Да не дозволиме најубавите денови да ни се претворат во лоши спомени, апелираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, кој ја информираше јавноста за состојбата со коронавирусот во државава.

Advertisements

Филипче порача граѓаните да не излегуваат од домовите без некоја посебна потреба после 18:00 часот и да нема собири по домовите и викендичките.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно и да мислиме на своето, но и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека, здравјето – не“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button