ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Светот оди во правец целосно да се нормализира животот на вакцинираните лица

И тоа што го донесе Европската Унија како одлука оди во прилог на нашата политика, а тоа е да има што поголем број на вакцинирани граѓани. Заради тоа што токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ПЦР тестови, не е потребен ниту карантин и тоа е доказ дека буквално целиот свет оди во тој правец, целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето коишто се вакцинирани и очигледно свесни дека тоа е единствениот спас да го вратиме нормалниот живот, истакна министерот за здравство Венко Филипче, коментирајќи ја одлуката на ЕУ да ја стави Северна Македонија на „црвена листа“ на земји во Европа.

Министерот додаде дека само вакцинирани луѓе и таму во европските земји може да влегуваат и на настани и во угостителски објекти. Секаде како критериум, како што рече, се бара вакцинацијата и затоа сме спремни со тие сертификати. Тој посочи дека му е драго што интензивната работа на тимот се исплатела, сега се признаени тие сертификати за вакцинација.

– Очигледно е дека сите земји во светот се повеќе ќе ставаат акцент исклучиво на вакцината како еден инструмент којшто го имаме сега, а го немавме минатата година и тогаш се воведуваа сите овие мерки и рестрикции, но генерално концептот е вакцинираните луѓе да имаат нормални животни навики како што беше пред пандемијата, нагласи Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button