ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Филипче: За конкретни мерки ќе разговараме подетално во август

Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави денеска  министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за конкретните мерки ќе разговараат подетално во август.

– Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови итн., гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места итн, нагласи Филипче

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button