ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемување на бројот на пациенти хоспитализирани поради ковид 19 во Гостивар

По Скопје и Тетово, голем број на лица заразени со корона вирус се регистрирани и во Гостивар. 20 пациенти се лекуваат во инфективната клиника. Уште во раните утрински часови, десетици жители чекаа да ги направат тестовите. Шефот на ова одделение вели дека од понеделник, повторно ќе биде отворена модуларната болница за лекување на болните од ковид 19.

„Ситуацијата со коронавирусот во Гостивар е алармантна. Во моментов има 20 пациенти на инфективното одделение, бидејќи испративме еден со тешка состојба на инфективната клиника во Скопје. Имаме четири пациенти со кислородна помош, додека другите се полесни случаи. Бројот на амбулантски пациенти е значително зголемен овие два дена, односно над 40. Од понеделник ќе ја отвориме и модуларната болница доколку се зголеми бројот бидејќи овде имаме само 24 кревети, па доколку тие денес се полни, ќе ја отвориме модуларната болница“.

Од друга страна, во Тетовската болница се хоспитализирани 36 заразени лица, од кои 31 со кислородна терапија. Само денес до 13 часот, беа извршени околу 60 амбулантски прегледи на пациенти со симптоми на ковид 19.

„Имаме незадоволително зголемување на нови случаи на заразени со Ковид 19, што навистина се очекуваше поради семејни собири и неконтролирани прослави. Денес имаме претежно незадоволителен број во нашата болница бидејќи имаме 36 хоспитализирани пациенти од кои 31 со кислородна терапија, но за среќа немаме смртни случаи до денес. Се надеваме дека овој тренд ќе забави бидејќи овој раст нема да донесе добри резултати. Апелирам до граѓаните да се вакцинираат што е можно помасовно бидејќи за да не го повториме тоа што го поминавме, мора да го постигнеме колективниот имунитет што сите го очекуваме што е можно поскоро “

Инаку, зголемувањето на бројките во Тетово е поради малиот број вакцинирани.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button