СВЕТ

Финска следната година ќе почне да гради ограда на границата со Русија

Финска следната година ќе почне да гради ограда на границата со Русија

Изградбата на планираната ограда со бодликава жица долж долгата граница на Финска со Русија ќе започне на почетокот на следната година, соопштија претставници на финската гранична стража на 18 ноември.

Финска ќе крева ограда на границата поради загриженоста од променливото безбедносно опкружување во Европа. Финска и Русија делат граница во должина од 1.340 километри. Тоа е најдолгата граница што која било членка на Европската унија ја има со Русија.

Првичниот дел од оградата од три километри ќе биде подигнат на граничниот премин во источниот град Иматра до летото 2023 година. Предвидено е да се протега ограда до максимум 200 километри.

Во октомври, финската премиерка Сана Марин рече дека има консензус меѓу пратениците за изградба на ограда за покривање на делови од границата со Русија во проект кој се проценува дека чини вкупно 380 милиони евра (393 милиони долари) и се планира да биде завршен до 2026 година./rse/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button