МАКЕДОНИЈА
Физичка пресметка, навреди и обвинувања на седницата на Општинското собрание во Кочани

Седницата на Општинското собрание во Кочани заврши со физичка пресметка. Тепачката се случи по вербална расправија помеѓу советникот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аки Акимов, и Мирче Стојков од ВМРО-ДПМНЕ. Нивната дебата ескалираше по обвинувањата што ги разменија за трагедијата од 16 март.
Советникот Акимов, огорчен од зборовите на неговиот колега Стојков, зеде шише со вода за да го удри. Шишето заврши врз главата на Ана Кралева, правничка вработена во Општина Кочани.
По инцидентот, седницата беше прекината, а Кралева беше однесена во кочанската болница, а потоа во Штип.
Алсат