
Maкедонскиот фудбалски прволигаш, Шкупи, има нов директор. Откако пред крајот на минатата година клубот го напушти Дамир Ибриќ директорското столче беше празно, а челните лица на поранешниот шампион во ПМФЛ довербата за таа позиција му ја доделија на Флорим Муча.
Чаирчани и оваа сезона се во потесниот круг во трката за шампионскиот трофеј во домашниот шампионат. Шкупи води голема битка со Струга Трим Љум и Шкендија, а така се очекува да биде и до самиот крај на шампионатот.
По 24 одиграни кола во ПМФЛ, Шкупи е на втората позиција на табелата со 48 бода, три помалку од шампионот Струга, а три повеќе од Шкендија. Во следното коло, кое на програмата е по репрезентативната пауза чаирчани го играат дербито со Вардар.