ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пријава против Мерко поради училишна директорка

Против актуелниот струшки градоначалник, Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе обиненителен предлог за кривично дело несовесно работење во службата. Од Обвинителството сметаат дека Рамиз Мерко на 31 јануари 2022 година свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на Основното училиште во селото Лабуништа.

„Донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа…“, велат од ОЈО Струга.

На овој начин незаконски именуваната в.д. директорка цели 19 месеци земала плата и на училиштето му била нанесена финансиска штета.

Дека незаконски се поставуваат директори во струшките училишта уште во август минатата година предупреди просветниот инспектор во пензија, Ѓорѓи Илиевски. Како пример тој посочи повеќе случаи.

„Со завршено средно стручно образование ветеринарен техничар. Но е поставен од страна на Мерко и истиот после тоа добива диплома од приватниот унивезитетот на Мерко со завршен Правен факултет. Истиот е и советник во Советот на општина Струга. Бил запознаен и Јетон Шаќири. И наместо сето ова да го согледа и да му ги одземе ингеренциите на Мерко, тој си продолжува“, рече Ѓорѓи Илиевски, просветен инспектор во пензија.

Претходниот состав на Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Мерко, поради незаконско назначување на в.д директор и во основното училиште во село Велешта. Против Мерко има обвинителен предлог и за незаконска набавка на луксузното ауди А6 и уште три други автомобили. Но, од Основниот суд во Струга велат дека сè уште не го добиле обинението. Против Мерко во моментов се активни и десетина други постапки. Пред 9 месеци американскиот Стејт департмент го стави на црната листа поради корупција и мешање во судството.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button