ВЕСТИЕКОНОМИЈА

На четиричлено семејство во март му требаат речиси 59 илјади денари за основните потреби

На едно четиричлено семејство во март годинава му се потребни безмалку 59 000 денари за покривање на основните месечни потреби. Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на минималната синдикална кошница за март изнесува 58 998 денари, односно за 1 522 денари повеќе од февруари.

Најголемото зголемување, според ССМ, има кај храната и пијалаците за кои во трошокот во март изнесува 22 681 денари, споредено со претходниот месец кога за нивна набавка биле потребни 21 219 денари. Од декември 2023 г. до март 2024 г. само за храна и пијалаци, според ССМ, трошоците се зголемиле за 1 951 денар.

„Вредноста на минималната синдикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалаците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехранбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени“, се наведува во соопштението на ССМ.

Во оваа насока од ССМ потенцираат и дека со новото зголемување на минималната плата од март 2024 година, која според пресметките ќе изнесува 22 567 денари, нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button