ВЕСТИСВЕТ

Фон дер Лајен: Договорот меѓу Израел и Хамас го продолжува прозорецот на надеж

Го поздравувам постигнатиот договор за продолжување на два дена пауза во непријателствата меѓу Израел и Хамас. Уште еднаш ги повикувам терористите на Хамас да ги ослободат сите заложници земени за време на нивниот ужасен напад на 7 октомври, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на платформата Икс.

Двете страни вчера се договорија за дополнителни два дена да го продолжат четиридневниот прекин на огнот што започна во петокот.

„Во изминатите четири дена, беше трогателно да се видат ослободени првите израелски заложници, заедно со заложниците од други националности. Го поздравувам и значителното зголемување на испораката на хуманитарна помош за палестинските цивили во Газа, овозможено со оваа пауза во непријателствата. Договорот го продолжува овој прозорец на надеж дозволувајќи им на повеќе цивили во Газа да имаат пристап до основната помош, истакна Фон дер Лајен.

Двете страни вчера се договорија за дополнителни два дена да го продолжат четиридневниот прекин на огнот што започна во петокот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button