МЕТРОПОЛ

Божицата на Сонцето ја допре Земјата, научниците збунети од екстремната енергија

Астрономите регистрираа еден од најмоќните космички зраци досега и го нарекоа „Аматерасу“, по јапонската божица на сонцето.

Иако неговото потекло сè уште е непознато, експертите веруваат дека може да го создадат само најмоќните космички случувања, пренесува Си-Ен-Ен.

Професорот Џон Метјус од Универзитетот во Јута вели дека дури и суперновите (имплозии на ѕвезди) не се ни приближно доволно моќни за да предизвикаат формирање на такви честички.

„Потребни ви се огромни количества енергија и исклучително моќни магнетни полиња за да ја компресирате честичката додека се забрзува“, објаснува Метјуз.

Енергијата на честичката Аматерасу е поголема од 240 егза електрон волти (EeV), што е милион пати повеќе отколку што постигнуваат честичките во Големиот хадронски судирач.

Аматерасу е послаб во енергетскиот полнеж само од честичката „Ох-мој-Боже“, уште еден космички зрак со ултра висока енергија откриен во 1991 година од 320 ЕЕВ.

Професорот од Универзитетот во Осака, Тошихиро Фуџи, изјавил дека не можел да поверува кога првпат го забележал овој зрак.

„Мислев дека тоа е грешка бидејќи тој покажува ниво на енергија без преседан во последните три децении“, рече Фуџи.

Кога космичките зраци со ултра-висок енергетски полнеж ќе ја погодат атмосферата на Земјата, се создава цела каскада од секундарни честички и електромагнетно зрачење.

Некои од овие секундарни честички патуваат побрзо од светлината, создавајќи вид на електромагнетно зрачење што може да се открие само со специјализирани инструменти.

Еден од тие инструменти е во сопственост на опсерваторија во Јута, која ја открила честичката Аматерасу.

Мистериозниот настан што ја произведе „божјата честичка“ се случи во Локалната празнина – празниот регион на вселената што се граничи со Млечниот Пат.

Извори: CNN, Science

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button