МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен ја потврди нејзината поддршка за почеток на преговори со С.Македонија

Претседателката на Европската Комиисја, Урсула фон дер Лајен, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев потврдила дека поддржува формален почеток на преговорите со Северна Македонија што поскоро и решавање на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, за МИА попладнево порача дека на средбата Фон дер Лајен ја повторила нејзината поддршка за отпочнувањето на преговорите со Северна Македонија, за кое ЕУ даде зелено светло пред повеќе од една година веќе, но кои не можат да се материјализираат поради ветото на Бугарија.
Претседателката и премиерот Заев отвориле низа теми од интерес за двете страни, рече Мамер.
-Таа ја потврди нејзината поддршка за отворањето на преговорите со Северна Македонија и ги поздрави реформите во Северна Македонија во рамките на процесот на зачленување и даде охрабрување тие да продолжат. Стана збор и за поддршката што ја дава ЕУ во напорите во борбата против Ковид-19 вклучително и дистрибуцијата на вакцини, рече Мамер.
Мамер додадл дека претседателката на Комисијата ги охрабрува Бугарија и Северна Македонија да го решат спорот.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button