МАКЕДОНИЈА
Фон дер Лајен пристигна во Скопје, за Димитров посетата е силен сигнал дека треба да почнеме преговори

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево пристигна во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
„Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и за исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома“, напиша Димитров на социјалните мрежи по пристигнувањето на Фон дер Лајен.
Лајен во Северна Македонија пристигна од Албанија, каде што рече дека нејзината порака е јасна оти иднината на Албанија е во ЕУ.