ВЕСТИРЕГИОН

Фон Дер Лајен: Србија и Косово да го искористат моментот

Србија и Косово треба да го прифатат планот на ЕУ за нормализација на односите, кој е клучен за стабилноста на целиот регион, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Постои план на Европската унија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Мислам дека тоа е можност за двете страни да го искористат моментот бидејќи нормализацијата е клучна за безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот – рече Фон дер Лајен во разговор со дописниците од новинските агенции кои учествуваат во заедничката европска редакција (ENR).

Последна средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ се одржa на 27 февруари. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, во средата изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го прифатиле предложениот договор и дека следат преговори за негова имплементација.Во текстот на Спогодбата се наведува дека двете страни ќе развиваат „нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права“, дека „меѓусебно ќе ги признаат документите и националните симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“.

Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи на 18 март во Охрид, во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот пратеник за Западен Балкан Мирослав Лајчак.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button