ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фондот на ПИОСМ бара извинување од Петрушевски

По изјавата дадена за медиумите денеска на од Бране Петрушевски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, со која директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Дритан Беџети, е обвинет за прикривање на имот и неподнесување на податоците до анкетниот список на Државната комисија за спречување на корупцијата, должни сме поради транспарентност, коректност и правична комуникација со јавноста да го објасниме следното.

Опишувајќи го како неразумен напад, како и неосновано обвинување, објаснуваме дека согласно законската обврска за именуваните лица, директорот на Фондот на ПИОСМ Дритан Беџети на 15 април 2022 година до Комисијата за спречување на корупцијата и го доставил пополнетиот прашалник/анкетниот лист и изјавата од страна на наведената институција. Оваа ја потврдуваме од print screen која е на веб-страницатата на Државната комисија за спречување на корупција, која е јавно достапна.

Затоа, констатирајќи дека пратеникот Бране Петрушевски упатил неиздржливо обвинение, можеби ги измешал имињата, очекуваме утре да се извини за ваквото оштетување на личноста на директорот на Фондот на ПИОСМ, Дритан Беџети. Во спротивно, ќе мора да се соочи со тужба за клевета./Алсат,мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button