СВЕТ

Франција ги засилува мерките против кoрoната во 15 региони

Во 15 региони на северозапад и југоисток на Франција, полицискиот час ќе започне утре два часа порано, односно од шест часот попладне, изјави портпаролот на владата, Габриел Атал.

Атал за телевизијата ТФ1 изјавил дека проценка на ефективноста на оваа мерка ќе биде направена за една недела, пренесува Ројтерс.

Доколку епидемиолошката состојба се влоши во некои региони, владата ќе мора да преземе соодветни мерки, што може да значи воведување блокада, посочува Атал.

Тој повтори дека културните институции нема да бидат отворени на 7 јануари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button