СВЕТ

Франција му даде државјанство на таткото на британскиот премиер Борис Џонсон

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, Стенли Џонсон, доби француско државјанство, објави агенцијата Блумберг.

Оттаму велат дека француската влада во петокот, на 1, донела решение со кое се прифаќа неговата молба и тој официјално е државјанин на Франција. Од француската влада за Блумберг посочиле дека државјанството на Џонсон е вистински доказ за тоа колку Британците се приврзаници на ЕУ, дури по Брегзитот.

80-годишниот Стенли Џонсон побара француско државјанство поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Тој е поранешен пратеник во британскиот парламент, а бил и европарламентарец. На британскиот референдум во 2016 г. гласаше против излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button