
Францускиот репрезентативец Беноа Кунку, кој освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во неделата, вчера бил уапсен од полицијата поради обид за силување во ноќен клуб.
Неколку француски медиуми објавија дека Кунку во алкохолизирана состојба наводно се обидел сексуално да нападне девојка, по што интервенирало обезбедувањето и била повикана полиција.
Ракометарот завршил во притвор, каде што бил испрашан за инцидентот, по што била отворена истрага за расветлување на случајот./SPort1.mk/