ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Не е можно еднострано менување на договорот од Преспа, вели грчкиот министер за надворешни работи

Ние сме уставно обврзани да го спроведуваме Договорот од Преспа и не е можно негово еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување. Ова го изјавил министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, во синоќешното интервју за грчката телевизија Антена, но истото го повторил и утрово во парламентот одговарајќи на пратеничко прашање, јавува дописничката на МИА од Атина.

Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблички на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочил дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button