ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ММА: Законот за аудио и аудиовизуелни услуги блокиран пред надлежната комисија од кадар на ДУИ

Македонската Медиумска Асоцијација (ММА) реагира за неставањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на дневен ред за гласање пред Комисијата за европски прашања, раководена од кадар на ДУИ.

Како што наведуваат од ММА, донесувањето на законот ќе ja регулира пиратеријата, медиумскиот пазар и дава можност за транспарентнa контрола на трошење на буџетски средства.

Соопштението од ММА, го пренесуваме во целост:

Македонската Медиумска Асоцијација ( ММА) се залага за регулирање на медиумскиот пазар
со соодветни законски решенија која ќе овозможат спречување на ширењето на пиратеријата,
нејзино соодветно казнување но и регулирање на пазарот со соодветно законско решение за
емитувањето на националните телевизии од страна на кабелските оператори, но и
транспарентност на трошењето на буџетски пари во јавните кампањи низ соодветна законска
процедура преку Собранието како контролен механизам.

За таа цел веќе неколку години ММА предлага измени на членовите во Законот за аудио и
аудиовизуелни услуги, за оствариување на овие цели, заради регулација на пазарот, но и
подигнување на јавнната свест, а сѐ со цел развој на демократските процеси во земјата и
плурализмот.

Особено е важно што ММА успеа во согласност со неколку европски закони од оваа сфера
(пред сѐ Хрватскиот) во согласност со сите повикани страни, Владата, Ресорното Министерство
за информатика и администрација како и огромен број на медиуми од национално,
регионално и локално ниво, преку Јавна Дебата со учество на експерти од невладиниот сектор
и преставници од Европската Комисија да ги направи овие измени кои се преточени во три
членови од Законот: чл.101, чл.143 и чл.147

И покрај поддршката од сите релевантни фактори и покрај тоа што овие измени на Законот
имаат европско знаменце и најважно покрај изгласувањето на потреба да се донесат
измените на овој Закон од страна на пратениците на почетокот на месец Ноември 2023 год.,
истите се заглавени во Парламентот пред Комисијата за европски прашања раководена од
пратеникот на ДУИ и координатор на пратеничката група Арбер Адеми, кој од јавно
необјаснети причини не ги става овие измени на дневен ред на Комисијата.

Измените се дел од реформските закони на Министерот Азир Алиу кој и јавно се произнесе
дека овој и други закони се заглавени пред оваа комисија за што рече и дека доколку не се
донесат ќе поднесе оставка.

Не сакаме да веруваме дека преставникот на ДУИ Арбер Адеми поради причини познати само
на неговата партија не сака да стави на дневен ред на гласање Закон кој регулира пиратерија,
медиумски пазар и можност за транспарентнa контрола на трошење на буџетски средства.

Неставањето на овој Закон пред комисијата го сфаќаме како уцена кон нас членките на
ММА пред престојните избори и со тоа индиректно мешање во нашата уредувачка
политика.

Со почит членките на ММА:

ТВ Канал 5
Тв Алсат
ТВ Алфа
Тв Телма

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button