СПОРТФУДБАЛ

Медиумите, Зидан седнува на клупата на Ливерпул?!

Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан се враќа на големата сцена, и тоа на Островот. Тој треба да биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, најавуваат британските медиуми.

Зидан по заминувањето од Реал Мадрид долго време чекаше можност да ја преземе репрезентацијата на Франција, но, сепак, не доби шанса затоа што Дидие Дешамп доби нов договор.

Своевремено популарниот Зизу се споменуваше и како можен нов менаџер на Манчестер Јунајтед, но сега е блиску до доаѓање на „Енфилд Роуд“.

Освен Зидан, за клупата на Ливерпул се споменуваат Чаби Алонсо и Роберто де Зерби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button