ВЕСТИЗДРАВСТВО

Се бараат мерки на претпазливост за Нино Васев

Мерки на претпазливост денеска побара Основното јавно обвинителство за екс медицинскиот директор на клиниката за онкологија, Нино Васев и поранешниот организациски директор.

„Мерките опфаќаат забрана за напуштање живеалиште и престојувалиште, одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, а за тогашниот медицински директор дополнително е побарано и мерка за отстранување од работнотно место“, рече надлежниот јавен обвинител, Ана Гоговска Јакимовска.

Васев се сомничи за повеќе кривични дела, злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во службата.

Во случајот за злоупотреби на клиниката за онкологија осомничени се вкупно пет лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button