ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Повеќе од 2.000 луѓе затрупани под одроните во Папуа Нова Гвинеја

Владата на Папуа Нова Гвинеја денеска ги информираше ОН дека повеќе од 2.000 луѓе се затрупани во голем одрон, според податоците од Центарот за катастрофи, пренесува Си-Ен-Ен. До вчера се разговараше за бројката од 670 загинати во одрони, но уште од самиот почеток се стравуваше дека оваа бројка е значително поголема.

– Свлечиштето затрупа повеќе од 2.000 луѓе и предизвика големи разурнувања, соопшти националниот центар за катастрофи пред канцеларијата на ОН во главниот град Порт Морзби.

Зафрлено планинско село во провинцијата Енга практично беше збришано кога дел од планината Мунгало се урна во петокот, затрупувајќи многу куќи.

Одронот предизвика огромни штети кои допрва ќе треба да се пресметаат.

Главниот автопат до рудникот Поргера бил целосно блокиран, се вели во писмото што го добиле претставници на ОН во понеделникот наутро.

– Ситуацијата останува нестабилна бидејќи свлечиштето продолжува бавно да се движи, што претставува постојана опасност и за спасувачките тимови и за преживеаните.

Тие ги повикаа ОН да ги информираат „меѓународните пријатели и развојните партнери“ за степенот на катастрофата, за што поскоро да започнат со решавање на проблемот, а помошта ќе биде координирана преку центарот за катастрофи, велат тие.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button