ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2024/05/soobrakajka.png)
Тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.
Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми. Во тек е увид од страна на јавен обвинител.