СВЕТ

Француските земјоделци протестираат втор ден, блокирани автопатишта околу Париз

Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз, а членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри во Кавајон во департманот Воклуз, на југот на Франција, јавува БФМ ТВ.

„Сакаме да ги блокираме логистичките центри затоа што бараме подобра распределба на додадената вредност. Масовната дистрибуција направи многу профит во последниот квартал и никогаш ништо од тоа не гледаме. Бараме да ги зголемат нашите набавни цени без зголемување на цените за крајните потрошувачи. Бараме, всушност, да им се намалат маржите. Ќе останеме онолку колку што е потребно“, рече претставникот на земјоделците.

Француската влада синоќа соопшти дека денеска ќе бидат преземени нови мерки во корист на земјоделците. Владината портпаролка Приска Тевено, по состанокот на Министерскиот совет, изјави дека вечерва премиерот Габриел Атал ќе прими претставници на францускиот земјоделски синдикат FNSEA и членови на Здружението на млади фармери, во присуство на министрите за земјоделство Марк Фено и за животна средина, Кристоф Бешу, пишува Фигаро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button