ВЕСТИСВЕТ

Опасна конфронтација меѓу Тексас и Бајден, 40 000 камиони се упатуваат кон границата

Игл Пас во Тексас стана епицентар на опасниот судир меѓу Тексас и федералните власти за тоа како да се справат со мигрантската криза и кој има јурисдикција над тој дел од границата меѓу САД и Мексико.

Спорот ескалираше на 10 јануари, кога властите во Тексас ги блокираа агентите на американската гранична патрола во областа Игл Пас. Оваа област го вклучува паркот Шелби, градски парк на реката Рио Гранде, кој сега е ограден со бодликава жица, што го попречува пристапот на граничната патрола, пишува Си-ен-ен.

Конфликтот меѓу Тексас и федералната влада околу контролата на границата меѓу САД и Мексико дополнително се засили во последните денови, откако гувернерот на Тексас, Грег Абот, најави дека „ќе им пркоси на администрацијата на Бајден и на американскиот Врховен суд“, наредувајќи да се инсталираат уште повеќе бодликави жици со цел да се одвратат мигрантите. Врховниот суд претходно му нареди на Тексас да ја отстрани жицата долж границата.

40 000 камиони се упатуваат кон границата

Конвој од 40 000 камиони наречен „Да ја вратиме нашата граница“ кој се залага за посилна безбедност на границата, денеска тргна од Норфолк, Вирџинија кон Игл Пас.

Конвојот се движи кон јужната граница и планира да одржи митинзи на главните гранични точки за влез, вклучувајќи ги Сан Исидро, Калифорнија, Игл Пас, Тексас и Јума, Аризона. Групата планира да го помине југоисточниот дел на САД, пред да им се придружи на другите демонстранти во Тексас претстојниот викенд.

Дваесет и шест републикански гувернери го поддржаа Тексас

Повеќе од 20 републикански гувернери потпишаа писмо за поддршка на Тексас, упатено до Бајден и секретарот на ОдделOT за домашна безбедност (ДХС) Алехандро Мајоркас.

„Мора да се поддржат напорите на гувернерот Абот да ја обезбеди нашата граница и работата на јавниот обвинител Пакстон за одбрана на тие напори. Ние сме нација на закони. И без граница, ние многу брзо воопшто би престанале да бидеме нација“, се вели во писмото.

Во изјавата објавена минатата недела, гувернерот Абот рече дека „федералната влада го прекршила компактот меѓу сојузната влада и државата“ и објави дека ја распоредил Националната гарда на Тексас и други државни службеници за јавна безбедност за да ја „обезбедат границата на Тексас“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button