ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ФЗОМ не открива дали платиле ОТКУП за хакерите да ја ослободат страницата

Две недели по сајбер нападот врз Фондот за здравство, директорката на оваа институција зборуваше за медиумите, но не даде никакво објаснување за нападот ниту за тоа дали хакерите побарале милионски износи за откуп од Фондот за да им го одблокира системот. Таа само потврди оти податоците на граѓаните се безбедни и не биле украдени.

Advertisements

Прашана дали чувствува морална одговорност и дали некој ќе поднесе оставка за крахот на системот, таа рече дека го чека извештајот на Обвинителството за да се откријат причините поради зошто се случил овој инцидент.

На денешната конференција не се појави директорот Албанец од редовите на ДУИ, ниту информатичарите кои требаше да дадат подетални објаснувања за состојбите во Фондот.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button