
Не сакам да коментирам, тоа е нивно прашање, сега влегуваат во фаза на опозиција. Го почитувам нивниот став. Но легитимноста е евидентна. Тоа се јасни факти ВЛЕН со 107 илјада гласа доби целосен легитимитет кај Албанците за да биде дел од власта, а денес Претседателот на Собранието е изгласан со 76 гласа, во било каква математика евидентно е дека тука е целосниот легитимитет. Отворен сум за соработка со секоја партија, ова го велам со најголема искреност. Тие ќе имаат голем простор во Собранието, јас ќе работам и ќе им дадам можност да имаат место постојано за опозициско делување, за вметнување на точки на дневен ред. И би сакал да соработувам за Собранието да биде храм на демократијата./Алсат.мк