ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши: Патриоти се тие кои го почитуваат своето знаме, но и знамето на другите

Претседателот на Собранието Африм Гаши ги осуди постапките поврзани со вчерашните настани кога, како што рече, беа палени и газени државни знамиња и напомена дека тоа е во спротивност со државните и националните интереси на секоја етничка заедница. Тоа го кажа во одговорот на новинарско прашање по посетата на општина Гостивар. Гаши не знаеше дали и колку лица се приведени по пријавите дека на повеќе локации се кине, гази и пали државното знаме.

Advertisements

Во изјавата, тој оцени дека патриоти се тие кои го почитуваат своето знаме, но и знамето на другите, а според него треба да се истражи кој стои зад ваквите настани, но како што рече, не верува дека зад ова има политичка заднина.

– Ако е несовесно однесување на одредени граѓани, тие треба да понесат одговорност и секој да одговора за постапките. Никако не е дозволено да се гази, навредува и повредува туѓо знаме, туѓ симбол на друга заедница која било да е таа, рече претседателот на Собранието на РСМ.

Гаши во коментарот испрати и порака до граѓаните да ги почитуваат симболите на државата и законите, меѓу кои и употребата на албанското знаме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button