ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши за „Дојче веле“: Да имавме достојни институции, ќе немаше потреба САД да ни кажуваат кој е корумпиран

Да имавме ние достојни институции за истрага, не ќе требаше Соединетите Американски Држави (САД) да ни покажат кој е корумпиран и кој влијае врз правосудството, вели лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши, во интервју за Дојче веле во кое ги анализира одлуките на владејачката ДУИ откако нивниот партиски функционер и градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, се најде на американската „црна листа“ поради вмешаност во „значителна корупција“.

По дводневен молк на ДУИ, вчера министерот за надворешни работи и партиски портпарол Бујар Османи соопшти дека Демократската унија за интеграција донела три одлуки по ставањето на Мерко и на неговото семејство на листата на неподобни за влез во САД.

Самиот Мерко не поднесе оставка на функцијата градоначалник, а една од одлуките на неговата партијата е барање до институциите веднаш да започнат со сеопфатна истрага.

„Најпрвин треба да објасниме што се подразбира под поимот ‘сеопфатна истрага од институциите’. Ние знаеме дека кај нас институциите, особено од областа на правото, се заробени токму од ДУИ, за што ние постојано сме повикувале и посочувале, а сме имале забелешки и од американската амбасадорка во Скопје. Затоа кај нас поимот ‘сеопфатна истрага од институциите’ е еуфемизам за одолговлекување, судски лавиринти, застарување дела, саботажа на судски процеси и т.н. За жал, Северна Македонија стана заробена држава на бизнис-кланот на тесното раководството на ДУИ, на кои им успеа да имаат голема сила над институциите, а како што се информираме последните денови, семејствата на (Али) Ахмети и (Артан) Груби влегуваат сега во скапи бизниси на стотици милиони евра, кои сигурно не се постигнати со просечна државна плата“, вели Гаши за Дојче веле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button