МАКЕДОНИЈА

Гаврил Бубевски избран за јавен обвинител во скопското Обвинителство

На денешната седница на Советот на јавните обвинители донесени се следните одлуки:
1. Јавниот обвинител Бесир Алиу е избран за Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово;
2. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е избран за Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје;
3. Јавните обвинители Соња Симовска и Љупчо Коцевски се избрани за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија;
4. Јавниот обвинител Стевчо Донев е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button