
Појасот Газа се соочува со недостиг од вода за пиење поради колапс на водоводните системи, соопшти денес Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ.
Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, им изјави на новинарите во Женева дека само 40 проценти од капацитетите за вода за пиење во Појасот Газа сѐ уште се во функција, објави Ројтерс.
Елдер предупреди дека доколку нешто не се промени, децата во Газа ќе почнат да умираат од жед. УНИЦЕФ претходно предупреди дека неухранетоста кај децата во Појасот Газа се зголемува „со алармантна брзина“, бидејќи Израел продолжува да го блокира влезот на поголемиот дел од хуманитарната помош.