МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

ГЕРБ: Не е во ред да се преговара за заобиколување на ветото

Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба. Ова мачење мора да заврши, изјави денеска Даниел Митов од ГЕРБ пред почетокот на денешната седница на Народното собрание.

Митов го коментираше и барањето за затворена седница на Народното собрание за РСМ. Тој рече дека е можно да се преговара за заобиколување на ветото, но поентата е дека не е во ред, рече Митов.

Како поранешен министер за надворешни работи, рече дека на секој состанок на меѓународно ниво треба да присуствува претставник на МНР и од тоа да има белешки, кои треба да им бидат достапни на идните функционери.

„Ако Кирил Петков не ги сподели таквите белешки со лидерите, тоа е кршење на принципот на континуитет во нашата надворешна политика“, рече Митов.

БГНЕС вчера објави дека бугарскиот премиер Кирил Петков има намера целосно да го изолира Министерството за надворешни работи (МНР) во обидите да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ и притоа цитираше дел од текстот во нацрт-предлогот, кој самиот Петков ќе го поднесе на првата можна седница на владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button