СПОРТ

Има договор: Садио Мане веќе е фудбалер на Баерн Минхен!

Садио Мане, еден од најдобрите напаѓачи во светот се чини дека во следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Ова пред неполн час го објавио Фабрицио Романо на својот Твитер профил, со назнака дека тој веќе ги договорил личните услови и дека наскоро ќе потпише тригодишен договор. Ново е тоа што Ливерпул се согласил малку да ја спушти цената.

Од друга стра фактот дека “редси“ веќе го промовираа Дарвин Нуњез, јасно е дека нема да имаат ништо против Мане да оди во Баерн, се разбира со соодветна отштета ако се знае дека на Сенегалецот договорот со Ливерпул му истекува следниот јуни.

Извор: Sportmedia

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button