СПОРТФУДБАЛ

Герет Саутгејт, кандидат за тренерското место кај „Црвените Ѓаволи“

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, се најде на листата на потенцијални кандидати за менаџерската функција на Манчестер Јунајтед, доколку Ерик Тен Хег добие отказ. Медиумите на Островот во последните неколку дена тврдат дека играчите на „Црвените Ѓаволи“ очекуваат тренерска смена на „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната.

Според „ЕСПН“, тимот на Сер Џим Ретклиф веќе подготвил скратен список на тренери за пополнување на одговорното место. Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби е едно од имињата кои веќе подолго време се поврзуваат не само со Манчестер Јунајтед, туку и со Ливерпул, Челси и со Барселона.

Кон него „ЕСПН“ ги додава менаџерот на Брентфорд, Томас Френк, и веќе споменатиот Герет Саутгејт, чиј договор со ФА на Англија е до декември оваа година. Уште едно име е тренерот на Болоња, Тиаго Мота, кој импресионира со работата и резултатите што ги постигнаа оваа сезона. Во Италија тврдат дека и управата на Јувентус прави планови да го замени Алегри со Мота.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button