ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Германија нè врати на листата ризични Ковид земји

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата Германија ја врати Северна Македонија на листата на ризични земји, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување потврда за вакцинација или за прележан Ковид или негативен ПЦР тест. За лицата  кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.

Нови ковид протоколи има и за влез во Финска и Хонг Конг, додаваат од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button