ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Германската амбасада со честитки до Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател

Германската амбасада упати честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Северна Македонија, оценувајќи го како „историски момент“.
– Историски момент: честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Северна Македонија! Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Северна Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.