РЕГИОН

Гервала: Затворање на границите, дестабилизирачки дејства на Србија

Гервала: Затворање на границите, дестабилизирачки дејства на Србија

Министерка за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, смета дека најавата за блокади на граничните премини со Косово го смета за провокативен и дестабилизирачки потег на српската држава. Според Гервала, со овој непријателски пристап на Србија, кој само поттикнува омраза и конфликт, тешко е да се продолжи процесот на дијалог.

Advertisements

Гервала ова го изјави по средбата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Фидан рече дека Турција ги поддржува напорите на Косово и Србија за нормализирање на односите меѓу нив, а единствен начин во таа насока е дијалогот.

Од друга страна, претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, реагираше велејќи дека блокирањето на граничните премини негативно ќе влијае на слободата на движењето.

Лајчак рече дека партиите се договориле за средба на ниво на главни преговарачи во Брисел, но не даде датум кога тоа ќе се случи, наведувајќи дека ниту една страна не се повлекла од Бриселскиот договор и Охридскиот анекс и дека истото е валидно и обврзувачко за Косово и Србија./Алсат.мк

Џесика Салахи

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button