ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Борбата против корупцијата и владеење на правото во сржта на напредувањето на земјава на патот кон ЕУ

Борбата против корупцијата и владеење на правото се во сржта на напредувањето на Северна Македонија на патот кон Унијата, подвлече евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во обраќање на Шестата пленарна сесија на НКЕУ-МК на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европската иднина“.

-Над се, тие се клучни за граѓаните. Патувајќи низ државата и среќавајќи се со граѓани гледам колку грижа има поради ова и колку сето тоа влијае на луѓето на секојдневна основа дали е тоа јавна услуга, дали е тоа школо – образование, здравствена услуга, работно место, животна средина или владеење. И отсуството на ефективен и независен систем на владеење на правото злоупотребите ги остава неказнети, правата не се почитувани, нееднаквоста расте, конкуренцијата за иновации застанува и најлошо од се’ граѓаните се се’ поцинични и поотпорни кон институциите и не гледаат можност за промена, нагласи Гир.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button