ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Гир: Сеопфатни реформи единствениот пат до ЕУ

Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, на заедничката прес конференција со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја нагласи важноста од реформите како единствен пат за членство во ЕУ.
„Единствениот пат до ЕУ е патот на реформите. Тоа значи сеопфатни реформи, како што е наведено во овој Извештај и како што е наведено во Извештајот за скрининг процесот. Ако сакате да ги уживате поволностите од членството во ЕУ мора да бидете доволно отпорни и подготвени да се осигурите дека можете да уживате во нив. А, ние, како ЕУ, мора да бидеме сигурни дека доаѓате како партнер којшто е цврст и отпорен. Затоа инвестираме многу во реформите и продолжуваме да го правиме тоа“, рече Гир.