ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гласањето за новите министри се очекува до полноќ

Гласањето за новите министри се очекува до полноќ

Собранието е при крај со расправата за предлозите за нови министри. Пред полноќ се очекува парламентарното мнозинство да ги избере новите членови на Владата, Кренар Лога за министер за правда, Фатмир Меџит за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и Каја Шукова за министер за екологија. Македонската опозиција денеска уште еднаш ја потсети Алијансата за Албанците на јавните изјави против ДУИ.

Advertisements

Алијансата за Албанците побара од ВМРО да не губи време со куќата на Таравари, туку да го открие богатството на нивниот претседател.

„Цела недела медиумите пишуваа за богатството и имотите на вашиот претседател во Скопје, во Охрид во Црна Гора и до ден-денес Мицкоски ништо не демантираше. Куќата на Таравари е таму каде што е и нека повели Обвинителството нека истражи како ја купил и колку ја купил“, рече Елми Азири, АА.

По именувањето на министрите, Собранието ќе расправа за разрешување на заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани и заменик-министерот за образование, Љуљзим Алиу. За нов заменик-министер за одбрана, Алијанса за Албанците го предложи Тирон Јахјага, а во земјоделството Вјолца Бериша. ДУИ го предложи Агим Нухи за заменик-министер за образование. Со влегувањето на Алијанса во Владата парламентарното мнозинство ќе брои 65 пратеници./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button